February 3, 2023 10:35
Uncategorized

Приведена скопјанка оти го нарушила јавниот ред и мир за време на прес-конференција со најавен протест

Полициски службеници привеле скопјанка која го нарушила јавниот ред и мир за време на денешната прес-конференција со најавен протест.

– Денеска (08.12.2022) во 11:00 часот на бул.„Илинден” во близина на хотел на подрачјето на Центар, Скопје, за време на прес конференција во врска со најавен протест, од полициски службеници од СВР Скопје е приведена П.Ц.(62) од Скопје, која го нарушила јавниот ред и мир, со агресивно однесување кон присутните и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, наведува МВР во дневниот Билтен.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.