August 12, 2020 22:59
Свет

Претставничкиот дом на САД одобри санкции за заштита на автономијата на Хонг Конг

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави едногласно го одобри текстот што предвидува автоматски санкции против кинеските власти кои не ги исполнуваат меѓународните обврски на Кина кон автономијата на Хонг Конг.

Бидејќи овој текст е нешто поразличен од оној што исто така беше едногласно одобрен на 25 јуни во Сенатот, тој повторно денеска попладне ќе биде испратен во Горниот дом на гласање. За да стапи на сила, мора да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп. Овој предлог-закон го поддржуваат и републиканците и демократите, во обид да се зголеми притисокот врз Пекинг по мерките донесени од американската Влада, откако Кина во вторникот донесе закон за национална безбедност во поранешната британска колонија. По неполни 24 часа од стапувањето на сила на кинескиот закон за национална безбедност на Хонг Конг полицијата вчера пристапи кон првите апсења.