January 16, 2021 19:24
Економија Магазин

Претставени најновите Samsung Galaxy S уреди – S21 и S21+

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес ги претстави Galaxy S21 и Galaxy S21+ паметните телефони, најновите водечки уреди со нов дизајн, камера од професионален ранг за корисници од сите нивоа на умешност и најнапредн процесор кој е некогаш користен на Galaxy уредите. Создаден според начинот на кој корисниците живеат сега, Galaxy S21 носи изобилство на современи иновации, кои им овозможуваат на корисниците да се изразат како никогаш досега и да го добијат максимумот од секое искуство.  Дополнително, секој уред обезбедува поврзување, напојување и перформанси што може да ги обезбеди само Samsung.

„Живееме во свет во кој мобилните уреди зазимаат важно место, со оглед на тоа што многу од нас работат од далечина и да поминуваат повеќе време дома. Исто така, секогаш се трудевме да обезбедиме избор, особено во новите околности кога е изразена се поголема потреба за истото, и затоа Galaxy S21 серијата им овозможува на сите да изберат уред што најдобро одговара на нивниот личен стил и мултимедијални потреби кои постојано се менуваат.”, рече TM Roh, претседател и директор на мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Повеќе од една деценија, Galaxy S серијата им го носи најсовременото искуство со водечки мобилни телефони на оние корисници кои се потпираат на своите паметни телефони за да се поврзат, забавуваат и изразат својата индивидуалност.”

Храбар нов дизајн

Galaxy S21 носи храбар нов дизајн со компактен дисплеј од 6,2-инчи[1]. Galaxy S21+ доаѓа со проширен екран од 6,7 инчи, со посилна батерија, одличен за маратонските гејмери и љубители на сериите[2].

Новата Galaxy S21 серија воведува Contour Cut камера, која неприметно се меша со металната рамка на уредот, давајќи елегантен и привлечен изглед. S21 и S21+ ќе бидат достапни во низа привлечни бои, вклучувајќи ја и новата фантомса виолетова боја. Покрај тоа, секој уред е обложен на задната страна со луксузно матиран завршен слој, кој дава софистициран изглед и чувство.

Galaxy S21 доаѓа со интелигентен Dynamic AMOLED 2X Infinity-O прилагоден дисплеј од 120Hz, идеален за гледање на секаков вид содржина[3]. Екранот автоматски го прилагодува освежувањето врз основа на прикажаната содржина, без разлика дали корисникот ги гледа своите профили на социјалните медиуми или сериите. Дисплејот исто така не ги уморува очите,

[1] Дисплејот се мери дијагонално, додека просторот за гледање е малку помал поради заоблените рабови и просторот за камерата.

[2] Дисплејот се мери дијагонално, додека просторот за гледање е малку помал поради заоблените рабови и просторот за камерата.

[3] Во споредба со екран од 60Hz.

бидејќи новиот Eye Comfort Shield[1] автоматски ја прилагодува сината светлина врз основа на времето од денот и прикажаната содржина.

 Нека секој ден биде несекојдневно искуство

Новата S серија ја продолжува традицијата на Samsung камери со професионалн ранг, со унапредувања што им овозможуваат на корисниците од сите нивоа на умешност да создаваат врвна фотографија и видео содржина. Без разлика дали ја фотографираат првата средба на нивното куче со огледалото, дружење со пријателите или спектакуларен поглед на патување во природа, Galaxy S21 и S21+ им овозможуваат на корисниците најдобар квалитет.

Подобрениот 8K Snap овозможува снимање на кристално чисти 8K видеа, така што целата акција ќе се снима на најдобар начин, со можност за фотографирање на фотографии од кадри на видеото, со едноставно притискање на record опцијата. Без оглед колку се динамични условите, снимката ќе биде целосно стабилна благодарение на Super Steady опцијата, со подобрени 60 fps[2]. Новата Director’s View опција им овозможува на корисниците да ја изберат најдобрата снимка, а со Vlogger View сега е можно истовремено снимање на видео со премин од предната кон задната камера, како и промена на аголот на снимање, но и гледање. Кога уредот е поврзан со новите Samsung Galaxy Buds Pro[3]  слушалки, можно е истовремено да снимате амбиентален звук и глас на корисник со помош на multiple mic recording[4] опцијата. Ова значи дека Galaxy S21 може со Pro Video Mode режимот на работа да се постави на држач за телефон, а Buds Pro може да се користи како микрофон, така што корисникот може да се оддалечи од телефонот и да се снима себе како зборува, како и звукот од позадина со врвен квалитет. Со помош на вештачка интелигенција, популарната Single Take[5] опција овозможува снимање низа фотографии и видео со само еден допир. Оваа функција е подобрена со нови, професионални видео подесувања, како што се Highlight Video и Dynamic Slow-Mo, кои овозможуваат фокус на најважните делови од акцијата во кадар.

Тројната камера од професионален ранг заснована врз вештачка интелигенција е дизајнирана за сите оние прилики кога корисниците сакаат да имаат поголема контрола на содржината.  Системот на камерата интуитивно ја проценува и прилагодува содржината, за последната снимка да излезе совршена. Во Portrait Mode режимот на работа, камерата користи подобрена 3D анализа, што попрецизно го одделува предметот од позадината. Исто така, воведува опции за виртуелно студиско осветлување и позадински ефекти засновани на вештачка интелигенција за субјектот да се издвојува во однос на позадината. Оваа опција работи и кога станува збор за селфи фотографии. За фотографии на растојание, тука е  подобрениот Space Zoom, додека новиот Zoom Lock е задолжен за намалување на ефектот на тресење на рацете и сликање на почисти фотографии при зумиеање до 30 пати на Galaxy S21 и S21+. Покрај тоа, подобрените можности за обработка на фотографии значат дека и фотографиите направени во темно опкружување ќе бидат појасни и поквалитетни.

[1]   Eye Comfort Shield автоматски се исклучува и мора да се активира преку подесувањето. SGS, светски лидер во сертифицирање, го награди дисплејот од Galaxy S21 серијата со Eye Care сертификат, заснован на неговата можност за драстично намалување на штетните ефекти на сината светлина. Сертификатот е достапен на www.sgs.com.

[2]  Super Steady видеото е ограничено на резолуција од 1080p.

[3] Се продава одделно.

[5] Single Take снима фотографии и видео содржина до 15 секунди.

Супериорна поврзаност и перформанси

Samsung е посветен на помагање на корисниците за да останат поврзани, а нивните податоци безбедни, на уште поудобен, персонализиран начин. Galaxy S21 обезбедува перформанси од следната генерација и непречено ги поврзува корисниците со целиот Galaxy екосистем, за да обезбеди поголема флексибилност, без оглед на дневните рутини.

Galaxy S21 го носи најновиот и најнапредниот процесор виден на Galaxy телефоните, поголема брзина, енергетска ефикасност[1] и напредни компјутерски можности, кои поддржуваат 5G конекција и карактеристики на вештачка интелигенција[2]. Новата S серија ја има целата моќ да обработува фотографии, да снима 8K видео и да поддржува маратонски cloud игри.

За чувствителните и лични податоци бидат добро чувани, за тоа е задолжен Samsung Knox Vault, врвната безбедносна платформа на компанијата Samsung. Со додавање на дополнителна меморија на процесорот на S21 телефонот, Samsung Knox Vault обезбедува уште еден, нов слој на заштита.

Galaxy S21 исто така претставува и нов уред за заштита на приватноста, со кој со едноставен клик се отстрануваат метаподатоците од фотографиите пред споделување. Private Share опцијата[3] овозможува контрола над тоа кој има пристап до содржината што корисникот ја испраќа на некого и колку долго содржината ќе биде достапна.

Новата генерација на S сериите е дизајнирана за користење со други Galaxy уреди. Со помош на SmartThings Find опцијата, корисниците можат лесно да ги пронајдат своите други Galaxy уреди, дури и кога не се поврзани на Интернет. Без разлика дали изгубениот уред е оставен во друга просторија, под седиштето на автомобилот или во друг град, SmartThings Find ќе им помогне на корисниците да го пронајдат. Uz Galaxy SmartTag Bluetooth локаторот[4], можно е да најдете уреди и предмети што не се поврзани на Интернет. Сè што треба да направи корисникот е да прикачи SmartTag на своите клучеви или каишот на своето домашно милениче и може да го користи SmartThings Find за да ги лоцира брзо.

Оптимална Samsung Care+ поддршка

Персонализирана Samsung Care+ Pro поддршка на Galaxy S21 телефоните им дава на корисниците целосно чувство на сигурност и спокој, во форма на поддршка на клиентите преку телефон или 24/7 разговор преку пораки, поправка на екран, продолжена гаранција[5] и осигурување во случај на неочекуван дефект[6]. Samsung Care+ е достапен на samsung.com/samsung-care-plus/[7].

[1] Во споредба со Galaxy S20.

[2] Потребна е оптимална 5G врска, достапна на избраните пазари. Проверете ја достапноста со операторот.

[3] Private Share работи помеѓу Galaxy телефони со Android P или понов систем. Преземањето на апликацијата бара испраќање/примање Private Share линк.

[4] Се продава одделно.

[5]  Продолжената гаранција опфаќа поправки над стандардната гаранција, со одредени ограничувања и исклучоци. Погледнете ги условите за повеќе детали за покриеноста.

[6]  Максимум три дефекти во период од 12 месеци. Можни се дополнителни ограничувања. Погледнете ги условите за повеќе детали.

[7]  Достапноста на Samsung Care+ поддршката може да варира во зависнот од земјата и моделот.

Достапност

Од 29. јануари 2021. година, Galaxy S21 и Galaxy S21+ ќе бидат достапни кај операторите, како и во малопродажбата, во следниве бои: фантомска сива, фантомска виолетова, фантомска бела, фантомска розова, фантомска црна и фантомска сребрена.

Galaxy S21: Фантомска виолетова, фантомска сива, фантомска розова и фантомска бела, во верзии од 128 GB и 256 GB, со 8 GB RAM меморија (верзијата од 256 GB ќе биде достапна само во фантомска сива боја).

Galaxy S21+: Фантомска виолетова, фантомска сребрена и фантомска црна во верзии од 128GB и 256GB, со 8GB RAM меморија (верзијата од 256 GB ќе биде достапна само во фантомска црна боја).

Нарачките во претпродажба ќе траат од 14 до 28 јануари 2021 година, преку следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s21/. Сите корисници кои во текот на промотивниот период ќе ги нарачаат новите Samsung Galaxy S21 5G или  S21+ 5G,  ќе ги добијат за подарок новиот Samsung SmartTag локатор и Galaxy Buds Live безжичните слушалки.

Препорачана малопродажна цена за Galaxy S21 (5G 8/128GB) е 50.999 денари, додека препорачаната малопродажна цена за Galaxy S21+ (5G 8/128GB) ќе  биде 62.999 денари.