January 27, 2022 06:45
Македонија

Претставена првата Национална програма за дигитален идентитет

Република Северна Македонија ја претстави првата Национална програма за дигитален идентитет, благодарејќи на партнерството помеѓу „Mastercard” и македонското Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), отсега на сите македонски граѓани достапни се услугите на дигитален идентитет и поврзаните услуги, како што се дигитално потпишување и верификација на документи.

Инфраструктурата за националната услуга за дигитален идентитет со која, документите се потпишуваат електронски со исто правно дејство како и своерачниот потпис, е обезбедена од страна на ID Service – услуга за дигитален идентитет на „Mastercard”, управувана од „Evrotrust” – обезбедувајќи целокупна услуга на дигитална идентификација на паметни телефон.

Првата организација што ја користи услугата ID Service управувана од „Evrotrust” е НЛБ Банка Скопје.

Услугата за дигитален идентитет обезбедена од НЛБ Банка Скопје ќе овозможи електронско потпишување правно обврзувачки договори директно преку мобилните уреди на клиентите, без притоа да има потреба да се посетуваат филијалите на Банката или, пак, да се користат токени, картички или УСБ-уреди.

По денешното официјално започнување, „Mastercard” ќе соработува со МИОА со цел проширување на опфатот на националниот дигитален идентитет во Северна Македонија. Процесот ќе вклучува интеграција на повеќе банки, јавни институции, мобилни оператори, осигурителни компании, комунални претпријатија и инвестициски фондови.

Меѓу потенцијалните идни примени на националната услуга за дигитален идентитет се услугата за далечинска интеграција или отворање сметка; владини административни услуги за далечинска интеграција и далечинско потпишување документи на порталот е-Влада, како и интеграција со Системот за управување со документи на Владата со цел да се помогне дигитализацијата на јавниот сектор.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

english anime Dragon Ball Z (Dub)

Mother of the Goddess’ Dormitory Episode 8 - Uncen

BANANA FISH Episode 20

AnimeDao JUJUTSU KAISEN

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 9