August 21, 2019 11:50
Свет

Претседателски избори во Литванија

Во Литванија утрово се отворени избирачките места за првиот круг од претседателските избори.

Во трката се девет кандидати, меѓу кои не е сегашната претседателка Далија Грибаускајте бидејќи веќе има два петгодишни мандата.

Во текот на кампањата кандидатите најмногу се осврнувале на домашните прашања, како што се економијата, корупцијата и социјалната заштита, иако надворешната политика и одбраната се две главни прашања во надлежност на шефот на државата.

Главни фаворити на изборите се премиерот Саулиус Сквернелис, поранешниот економист Гитан Наусед и поранешната министерка за финансии Ингрида Симоните.

Далија Грибаускајте благодарејќи на антируските погледи, облекувањето со стил и црниот појас во карате, го доби прекарот „Челична дама”, како што ја нарекуваа и Маргарет Тачер кога беше премиерка на Велика Британија.

Нови вести

Уапсен вработен во британскиот конзулат во Хонгконг

zane

Трамп ги критикуваше Евреите кои гласаат за демократи

zane

Биариц се подготвува за Самитот на Г-7

zane