June 14, 2021 01:05
Македонија

Претседателот Пендаровски на онлајн конференција на Атлантскиот клуб на Бугарија

Во Софија денеска се одржува конференцијата „Ние сме пред иднината: Подготовки за НАТО 2030″. На учесниците на форумот ќе им се обратат потпретседателот на Бугарија Илијана Јотова и тројца генерални секретари на НАТО – Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Јап де Хоп Шефер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, специјален гостин на конференцијата ќе биде претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски. Поради здравствените ограничувања од Ковид-19, тој ќе се обрати онлајн, што ќе се емитува во живо на Фејсбук и на платформата Зум.
Меѓу гостите на форумот ќе бидат и Мирчеа Џоана, заменик генерален секретар на Алијансата, помошникот државен секретар на САД Мајкл Марфи и поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов, во чие време во 1997 година Бугарија аплицираше за влез во НАТО.
Учесниците на виртуелниот форум ќе дебатираат за поврзаноста во регионот на Црното Море и потребата од изградба на дигитална инфраструктура. Друга важна тема што треба да се дискутира е стратегијата на НАТО да се спротивстави на сајбер заканите. Ќе има експерти од водечки компании од САД и ЕУ.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека основач и претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија е Соломон Паси, кој е поранешен министер за надворешни работи, во чие време во 2004 година Софија стана членка на НАТО, а тој е и поранешен шеф на ОБСЕ.

GoGoAnime boku no hero academia season 4 gogoanime: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 34

KissAnime animes online: How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 5