June 26, 2022 22:19
Свет

Претседателот на рускиот Парламент e против размена на борците од Мариупол

Претседателот на рускиот Парламент Вјачеслав Володин е против размена на затвореници по заробувањето на украинските борци во пристанишниот град Мариупол, пренесе ДПА.

– Нацистичките криминалци не се предмет на размена. Тие се воени злосторници и мораме да направиме се за да ги изведеме пред лицето на правдата, рече Володин за време на пленарна седница.

Украина, од своја страна, се надева на размена на повеќе од 260 свои војници кои ја напуштија челичарницата Азовстал.

Некои од украинските борци во Мариупол припаѓаат на крајнодесничарскиот националистички полк Азов, кој Москва го смета за неонацистичка единица.

Володин нагласи дека Русија прави се за да им обезбеди медицинска помош на повредените украински затвореници и да се однесува хумано кон нив.

– Но, што се однесува до нацистите, нашата позиција мора да остане цврста, бидејќи тоа е една од целите на специјалната воена операција, рече тој, користејќи го официјално одобрениот термин од Москва за војната.

go88 rút tiền

đại lý sunwin