April 20, 2021 17:13
Македонија

Претседателот на МАНУ фатен во манипулација: Шефицата на Катедрата по македонски јазик демантира дека Катедрата се укинува

Коцарев во својата изјава кажува тешки зборови кои не ги поткрепува со ниту еден доказ, истовремено не посочува ниту една институција, а не пак лице кое евентуално би се зафатило со укинување на Катедрата за македонски јазик, вели рaководителката на Катедрата, Искра Пановска-Димкова.

Претседателот на Македонската академија на науките и уметности, Љупчо Коцарев, во јавноста изнесе тврдења дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и македонска книжевност. Но, раководителката на Катедрата по македонски јазик, Искра Пановска-Димкова, го демантира и вели дека нема таква реформа во најава и дека никој не би се дрзнал да чепне во интегритетот на Катедрата за македонски јазик.

Коцарев по повод усвојувањето на националната програма за релизација на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, пишува дека МАНУ ги поддржува активностите со чествувањето на Конески, но тврдењата за укинување на Катедрата по македонски јазик не ги поткрепува со докази, ниту пак даде подетално објаснување околу дилемата што ја изнесува во јавноста.

„Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе предизвика, што го знаат подобро поупатените од мене, лавина непопуларни реакции во светот по однос на македонистиката, што ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност. Не верувам дека овие зборови ќе допрат до некого, но јас сакам да ги изречам“,

пишува Коцарев.

Пановска – Димкова вели дека ова се опасни манипулации и измислици, што за жал се пласираат токму во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

„Имено, претседателот на МАНУ во својата изјава кажува тешки зборови кои не ги поткрепува со ниту еден каков било доказ, истовремено не посочува ниту една институција, а не пак лице кое евентуално би се зафатило со укинување на Катедрата за македонски јазик. Категорично тврдам дека досега од ниту едно место до мене како раководител на Катедрата за македонски јазик, не допреле какви било ‘гласини’ дека такво нешто се подготвува од некаде. Во целост сум убедена дека Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’ никогаш не би завлегол во некоја таква реформа“,

вели Пановска – Димкова.

Таа побара од членовите на МАНУ, како највисока академска институција, да се оградaт од ставовите на претседателoт на Коцарев.

„Истовремено ја уверувам македонската јавност дека до колку некој поединец или институција би се дрзнале да чепнат во интегритетот на Катедрата за македонски јазик, ние сите до еден ќе се бориме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини“,

додава Пановска – Димкова.

Коцарев сè уште ѝ нема појаснето на јавноста за овие негови тврдења.

Во петокот, на 26 февруари, на иницијатива на шефот на државата, Стево Пендаровски, се одржа координативен состанок по повод усвојувањето на Националната програма за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, чиј покровител е претседателот, а носители на проектот се Министерството за култура и Министерството за образование и наука.

„Современиот македонски литературен јазик е од непроценливо значење за нашата култура, книжевност и идентитет. Затоа имаме морална должност да го чуваме наследството што ни го остави Блаже Конески како современо културно наследство и достојно да го чествуваме јубилејот на личноста која е парадигма за нашата современост, еманципација и прогресивност“,

истакна претседателот Пендаровски.

Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ предвидува бројни културно-образовни содржини во текот на целата година. Академски и научни издавачки проекти, литературни манифестации, меѓународни научни конференции, јавни конкурси за младите уметници и изложби, педагошко-информативни проекти, промоција на дигитално издание на толковниот речник на македонскиот јазик, се дел од активностите со кои ќе се одбележи јубилејот. Согласно Националната програма ќе биде испечатена и поштенска марка со ликот на Блаже Конески.

Одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески е запишано во календарот на значајни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО, што претставува меѓународно признание за неговиот лик и творештво.

На меѓународен план, со Годината во чест на Блаже Конески, земјава се вклучува во одбележувањето на „2021 – Меѓународна година на мирот и довербата“ и „21 март – Светски ден на поезијата“, прогласени од страна на ООН.

Извор: 360 stepeni.mk

AnimeTV plunderer anime tv: Black Clover: The All Magic Knights Thanksgiving Festa (https://animetv.cc/m/aVNo) Episode Full

ANIMEFLIX animeflix banana fish: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 (https://animeflix.nl/m/3PDm) Episode Full