September 26, 2022 03:10
Свет

Претседателот на Киргистан подготвен да преговара со Таџикистан

Претседателот на Киргистан Садир Џапаров во Њујорк изрази подготвеност да преговара со својот сосед Таџикистан по неодамнешниот конфликт на заедничката граница во кој загинаа речиси 100 луѓе.

Џапаров од говорницата во Генералното собрание на ОН вети дека Киргистан нема да отстапи „ниту педа” територија.

Границата меѓу Таџикистан и Киргистан е сцена на редовни конфликти. Речиси половина од 970-те километри заедничка граница е предмет на спорови и тензии околу пристапот до ресурсите.

Џапаров додаде дека околу 140.000 Киргистанци биле евакуирани долж границата со Казахстан за време на конфликтот.

„Во интерес на мојот народ, подготвен сум да го потрошам времето што ќе биде потребно за да се реши ова прашање еднаш засекогаш”, рече киргистанскиот претседател, додавајќи дека е за „заемно корисно решение” за двете земји.

Во говорот на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН, тој го обвини Таџикистан дека спроведува „неоправдана вооружена агресија” против неговата земја, која „соодветно” го задржа правото да „одговори”.

„Киргистан не полага право на ниту една странска територија и нема намера никому да даде ниту педа од својата територија”, рече Џапаров.