December 4, 2020 17:10
Свет

Претседателот на Азербејџан: Ќе го решиме конфликтот по воен и политички пат

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави дека земјата сака да го реши конфликтот околу регионот Нагорно-Карабах со политички и воени средства.

Обраќајќи се на нацијата, Алиев повтори дека силите на етничките Ерменци треба да ја напуштат територијата за да запрат конфликтите, пренесува „Ројтерс“.

Судирите во регионот Нагорно-Карабах започнаа на 27 септември меѓу ерменските и азербејџанските сили.

Договорот за хуманитарното примирје беше склучен на 10 октомври во Москва, тој беше потврден во Париз на 17 октомври, а повторно беше договорен во неделата, и денес стапи на сила, пренесува ТАСС.