November 14, 2019 00:34
Македонија

Претседателот Заев: Ја зголемивме минималната плата за повеќе пари во семејните буџети, продолжуваме, најавуваме ново големо зголемување!

Изминатите две години, креиравме и спроведовме мерки што обезбедуваат еднаква шанса за сите и носат повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Куманово.

-Со зголемување на минималната плата на 12.500 денари, ги изнедначивме сите индустрии и обезбедивме повеќе пари во семејните буџети. Но знаеме дека и тоа не е доволно. Финишираат преговорите за ново, осетно зголемување на минималната плата за уште повеќе пари во семејните буџети. Преговорите со синдикатите и стопанствениците привршуваат. Наскоро ќе има ново, значано покачување на минималната плата. Не за 500 или 1.000 денари туку за повеќе, рече Заев.

Со субвенциите до 100 евра за задолжителното осигурување на сите кои ќе ги зголемат платите, ќе поттикнеме нов раст на сите плати во државата, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината „На прав пат” во Куманово.

Нови вести

Мицкоски се сретна со претставници на ММФ

Filip

Спасовски: Службата за разузнавање беше кревка, затоа ја реформиравме

Filip

Мицкоски се сретна со Хајко Мас

Filip