June 16, 2021 15:03
Македонија

Претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили во официјална посета на С Македонија

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Нејзин домаќин е претседателот Стево Пендаровски, кој ќе ја пречека Зурабишвили пред Вила Водно на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Пендаровски и Зурабишвили ќе има тет-а-тет средба, а ќе се одржи и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и на Грузија.

Грузиската претседателка денеска ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Во рамки на официјалната посета предвидена е да бидат потпишани Договор за безвизен режим и  Меморандум за соработка во областа на културата, а потоа претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе одржат прес-конференција.

Шефот на државата и неговата колешка од Грузија ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас”.

KissAnime promare kissanime: Watch Attack on Titan Season 3 Episode 8 (https://kissanimeonline.com/m/ae78/ep-8)

ANIMEFLIX overlord animeflix: DARLING in the FRANXX Episode 24