Свет

Претреси во германски банки поврзани со истрагата за „Панама пејпрс“

Даночните истражни органи денеска извршија претреси во германски банки и приватни простории во повеќе градови во рамките на истрагата за случајот „Панама пејпрс“ за затајување данок.

„Истрагата е насочена кон неколку поголеми германски банки за кои постои сомневање дека на своите богати клиенти им помагале во затајувањето данок“, соопшти државното обвинителство во Франкфурт.

Банките и становите во кои денеска била извршена рација се наоѓаат во неколку градови во западниот дел на Германија.

Неколку лица и банки се осомничени дека преку една офшор-компанија на британските Девствени Острови криеле пари од гермаснките даночни органи.

Обвинителството дошло до сознанија за даночно затајување во ноември минатата година по претрес во Дојче банк по обелоденувањето на „Панама пејпрс“ и „Офшор-ликс“, документи што Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ги објави во 2013 година.

Дојче банк тогаш тврдеше дека претресите не се насочени кон банката, туку кон некои од нејзините клиенти.

Нови вести

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди Јапонија, нема предупредување за цунами

Daniela

Во Кина има речиси милион здравствени установи

Daniela

Лион: Најмалку 13 повредени во експлозијата на пакет-бомба

Daniela