February 4, 2023 07:50
Македонија

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките од снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени. Од УХМР најавуваат деке следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег. Во четврток и петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.