December 10, 2022 07:20
Македонија

Прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа

Ве известуваме дека денеска, 21.09.2022 година (среда) со почеток во 12:30 часот, прес-конференција ќе одржат портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.
Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на адресата на [email protected] најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.

Акредитираните новинари ќе може да ја следат прес-конференцијата со физичко присуство во Медија центарот на Владата и акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.