Економија Македонија

Прес-конференција на Заев и Бесими за збирниот ефект од четирите пакети економски мерки

Ве известуваме дека денеска, 8 април 2021 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тема на прес-конференцијата е збирниот ефект од четирите пакет мерки, реализацијата на буџетот, информација за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година.
На прес-конференцијата за новинарски прашања ќе бидат присутни и Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, генерален извршен директор на Развојната банка.
Прашања за оваа прес-конференција може да испратите на адреса: [email protected] најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.
Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.

AnimeHeaven watch anime dub: Watch Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 4

AnimeDao animedao jojo: Watch Tokyo Ghoul Episode 6 (https://animedao.nl/m/BXp/ep-6)