January 25, 2020 21:48
Магазин

Пресушуваат Викториините водопади oд суша каква што не се памети

Водопадите Викторија кои се познати по својата убавина која привлекува милиони туристи, буквално се сушат како резултат на најтешката суша што го зафаќа југот на Африка во последните сто години, пишува „Гардијан.

Иако вообичаено нивото на водата се намалува во текот на сушната сезона, сепак годинава се случи неочекуван пад на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени може трајно да ги уништат водопадите кои се наоѓаат на границата на Зимбабве и Замбија.

„Во претходните години се намалуваше нивото на водата, но тоа се нема случено до овој степен“, вели Доминик Ниамбе, продавач на сувенири. Тој објаснува и дека бројот на туристи се намалува поради намалувањето на нивото на водата.

Голем проблем е што целата област е зафатена од сушата и многу луѓе остануваат без храна. Се проценува дека околу 45 милиони луѓе имаат потреба од помош.

Уште една грижа создава фактот што Замбија и Зимбабве имале пречести рестрикции на струја – тие се премногу зависни од хидроцентралите на браната Кариба, која се наоѓа на реката Замбези над водопадите Викторија.

Официјалните податоците покажуват дека нивото на водата во реката Замбези е под она од 1995 година, што досега се сметаше за најниско. Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу рече дека ова е последица на климатските промени.

Водопадите на Викторија се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Водопадот е генерално широк 1,5 км, со пад од 128 метри.

Нови вести

Карлеуша објави досега невидена фотографија со Тоше

Valentina

Успехот на „Преспав” се должи на мултиталентираните актери

Valentina

Тејлор Свифт поретко ќе се појавува на сцената, сака да поминува повеќе време со својата болна мајка

Valentina