October 17, 2019 08:08
Македонија

Прентовиќ: По основ на сите програми исплатени се вкупно 300 милиони евра,вративме наследени долгови и инвестираме во земјоделството

Со ребалансот во земјоделството се ослободуваат 915 милиони денари или 16 милиони евра со кои што средства  се планира исплата на неиплатените обврски и со тоа се заокружува исплатата на државата кон земјоделците.-истакна пратеничката Татјана Прентовиќ во реплика на Љупчо Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со доаѓањето на власт во 2017 година веднаш се започна со интервенирање во производната и откупната цена кај земјоделците, така што се донесоа дополнителни субвенци за  праските, лубениците, интервентна мерка за индустриско јаболко и доматите, за грозјето и други средства наменети за поддршка на земјоделците.-посочи Прентовиќ.

Таа истакна дека денес за разлика од претходно се прави разграничување на субвенциите на развојни и на субвенции за мали земјоделски стопанства под 1 хектар.

Прентовиќ потенцираше дека од Јуни 2017 година до сега за мерки од програмата  издвоени се околу 180 милиони  евра за директни плаќања, но исплатени се и субвенциите за 2016, 2017, 2018  како  и заостанатите од  2013, 2014, 2015 година .

За програмата за рурален развој исплатени се околу 12 милиони евра, за програмата за рибарство околу 600 илјади евра, односно од јуни 2017 до мај 2019 година по основ на сите програми исплатени се  околу 200 милиони евра, а од тогаш до сега со дополнителните исплати, вкупно исплатени се над 300 милиони евра.-истакна Прентовиќ.

Таа на крајот додаде дека заложбите на  оваа Влада се реализирани, денес имаме навремена и неселективна исплата на субвенции.

Нови вести

Заев- Туск: Северна Македонија и граѓаните ги исполнија сите услови за донесување одлука за почеток на преговори

Filip

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Filip

Заев – Сасоли: Секоја друга одлука освен преговори ќе биде поттик за регресивни процеси во земјата и регионот

Filip