April 8, 2020 11:25
Спорт

Премиер лигата добива „Куќа на славните”

Англиската Премиер лига наскоро ќе добие „Куќа на славните” во која ќе можат да бидат примени само фудбалери кои ја завршиле својата кариера.

-Само играчите кои веќе завршиле со професионално играње фудбал ќе можат да влезат во „Домот на славните”. При изборот ќе се земат во предвид само нивните настапи во Премиер лигата, објавија англиските медиуми.

Имињата на првите двајца членови во „Куќата на славните” ќе бидат објавени на 19 март.

Во исто време, ќе биде објавен и краткиот список на играчи за кои во гласањето ќе можат да се вклучат и навивачите.

Англиската Премиер лига во сегашна форма е основана  во 1992 година.