January 23, 2020 08:25
Свет

Премиерот на Етиопија ја доби Нобеловата награда за мир

На премиерот на Етиопија, Абиџ Ахмед, денеска во Осло му беше врачена Нобеловата награда за мир. Тој се заложи за единство и помирување, изјавувајќи дека ние и тие не постојат.

Ахмед (43) е награден за помирувањето и договорот постигнат со Еритреја со кој се стави крај на 20-годишниот конфликт меѓу двете држави.

„Нема ние и тие, туку само ние затоа што сите сме поврзани со заедничката судбина на љубовта, простувањето и помирувањето“, рече премиерот на Етиопија.

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на девет милиони круни (околу милион евра). Паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина.

Нови вести

ЕУ со ограничувања за високоризичните доставувачи на 5G опрема

Valentina

Финскиот претседател донираше 200.000 евра за сиромашни деца

Valentina

Рекорд на Трамп: 41 твит за еден час, 142 за еден ден

Valentina