December 6, 2022 21:51
Македонија

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Њујорк ќе учествува и ќе говори на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации.

Обраќањето на премиерот Ковачевски е предвидено околу 11:00 часот по локално, односно 18:00 часот по македонско време и ќе може да се проследи во живо на следните линкови.

Обраќање на премиерот Ковачевски на состанокот за Декларација за малцинства во ОН во Њујорк на македонски јазик

Обраќање на премиерот Ковачевски на состанокот за Декларација за малцинства во ОН во Њујорк на англиски јазик

Премиерот Ковачевски денеска ќе одржи предавање и на реномираниот Универзитет Колумбија, каде ќе даде осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација.

Предавањето е дел од серијата говори на светски лидери и на истото се очекува да присуствуваат 100 професори, експерти и студенти.

Изминатите два дена премиерот Ковачевски во Њујорк учествуваше на Самитот за трансформација на образованието и на Отворањето на 77-то Генерално собрание на ООН на кое воведно обраќање имаше генералниот секретар Антонио Гутереш.

Ковачевски заедно со колегите од Западен Балкан присуствуваше и на работен ручек организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел.