Македонија

Премиерот Ковачевски на средбата со делегација од ОБСЕ: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето во 2023 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска прими висока делегација од ОБСЕ предводена од високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдрахманов, придружуван од Шефот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија амбасадорот Клеменс Која. На средбата Високиот комесар му упати срдечни честитки на премиерот Ковачевски по повод стапувањето на должноста премиер на Владата на Република Северна Македонија и изрази надеж за понатамошна успешна и плодотворна соработка. За време на разговорот беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата, и родовата еднаквост. Во оваа пригода премиерот Ковачевски му упати срдечни честитки на високиот комесар за неговото назначување на оваа важна позиција во ОБСЕ и му посака срдечно добредојде. Притоа тој изрази благодарност кон сите досегашни високи комесари за национални малцинства кои им пружија значителна поддршка на македонските институции во последниве 28 години.
Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Каират Абдрахманов, истакна дека ОБСЕ има одлично партнерство со Република Северна Македонија во изминативе три децении и подвлече дека тоа е значаен влог во европската иднина на земјата. Тој го издвои големиот успех и пријателски дух со кој Владата на Северна Македонија ги решава билатералните спорови со соседите и изрази надеж дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.
Високиот комесар Абдрахманов на средбата истакна дека стратегијата „Едно општество за сите” и интеркултурниот дијалог кој го негува Република Северна Македонија е успешен инклузивен модел и дека заложбите во правец на владеење на правото и законот за унапредување на јазиците се важен чекор кон имплементацијата на европските вредности. На средбата премиерот Ковачевски ја изрази својата увереност дека Владата на Република Северна Македонија воочи претстојното претседателството со ОБСЕ ќе продолжи да ги негува вредностите на праведно мултиетничко општество со еднакви можности за сите согласно стратегијата „Едно општество”.

„Годината 2023 ќе биде мошне важна и за Северна Македонија и за ОБСЕ и се надевам дека за време на нашето претседателство со ОБСЕ, кое што ќе го преземеме идната година, ќе имаме целосна соработка и ќе се посветиме на решавање на важни прашања”, подвлече Премиерот.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Attack on Titan Season 2 Episode 9

ANIMEFLIX Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

ANIMEFLIX Black Clover (Dub) Episode 162

ANIMEFLIX Fairy Tail

ANIMEFLIX DARLING in the FRANXX Episode 22