August 12, 2022 01:03
Македонија

Премиерот Ковачевски во посета на Маврово – Ростуше и Бигорски

 Премиерот Димитар Ковачевски днеска во Маврово – Ростуше ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 65 години од пуштањето во употреба на хидро системот Вруток, а потоа ќе направи увид на рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница и ќе го посети манастирот „Свети Јован Бигорски”, соопшти владината прес-служба.
Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.