January 22, 2020 01:03
Македонија

Премиерот Заев на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ: Успехот на Северна Македонија е израз на реформите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70 годишнината од постоењето на Алијансата оствари средба и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

На средбата двајцата премиери се согласија дека успехот на Северна Македонија во процесот за пристапување кон полноправно членство во НАТО е израз на спроведувањето на реформите и на успешното решавање на сите билатерални прашања, а членството во Алијансата доаѓа како потврда на исправноста на овие политики.

Премиер Пленковиќ на средбата ја потврди силната поддршка од Хрватска за Северна Македонија и дека двете земји сега имаат уште една заедничка точка која ги поврзува и ги охрабрува за продлабочување на пријателските односи со сојузништвото во НАТО.

На средбата заеднички е констатирано дека позитивниот момент е одлична мотивација за исправање на грешката на ЕУ кога на последниот самит на Европскиот Совет не беше одобрено стартувањето на преговори со Северна Македонија и дека во претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, треба да се создадат сите неопходности Северна Македонија да го започне и овој процес.

Тоа, беше речено на средбата, е силен мотив за продолжување на реформите во земјата, а комплетирањето на евро-атлантските аспирации на Северна Македонија е од посебно значење и за одржливиот мир и стабилност на регионот.

 

Нови вести

Милошоски: Заев нема кредит од меѓународната заедница пак да направи мнозинство со осумте пратеници

Igor

Владата ги поништи решенијата на Мизрахи за разрешување директори на центрите за социјална работа

Igor

Со проекција на филмот „Тајната на дрвјата“ во Скопје ќе бидат одбележани 57 години од Елисејскиот договор

Filip