February 23, 2019 20:29
Македонија

Премиерот Заев на информативна средба со жители од Иловица и Штука

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков вечерва присуствуваа на информативна средба со жителите на селата Иловица и Штука за рудникот кој компанијата „Еуромакс ресоурцес” треба да го отвори на планината Огражден.

Премиерот Заев пред почетокот на средбата во изјавата за меидумите истакна дека вечерва се тука на информативна средба со граѓаните и дека не се носи никаква одлука за почнување или не со работа на рудникот Иловица-Штука. Истакна дека досега се одржани повеќе средби со граѓански организации и компанијата „Еуромакс ресоурцес” и дека сега на ред се граѓаните.

-Се работи за значајни одлуки што ќе влијаат на иднината на овој регион тука, како на целиот Струмички Регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа се обдуваме да изнедриме најпаметни одлуки согласно со законите во Република Македонија и за кои никогаш нема да се каеме. Денеска немаме намера да носиме некои заклучоци, средбата е информативна и верувам дека тоа ќе помогне на Владата, но и ќе им помогне на граѓаните за да ги разбереме полесно работите, рече премиерот Заев.

Додаде дека во последно време има шпекулации околу овој проблем во медимите и социјалните мрежи и затоа е убаво, како што рече, граѓаните да знаат и да бидат инфрмирани.

-Потенцирам дека нема позначаен приоритет за нас како Влада и за која било влада од здравјето на граѓаните, од перспективите на овој регион, од традицијаа која ја имаат нашите граѓани, како желбата да останат овде, да живеат тука. Очекувам од оваа средба да излеземе попаметни и ние од Владата, но и граѓаните од Иловица и Штука, рече Заев.

На новинарско прашање дека граѓаните се загрижени за безбедноста и каква е безбедноста на останатите рудници во државата и дали како држава имаме анализа, премиерот  одговори дека поради постоење на одредени рудници цели општини и градови егзистираат и тука е опфатена и безбедноста и сигурноста.

-Минералните суровини се потенцијал за развој насекаде во светот, така и во Македонија, но не под било какви услови. Треба да се знае дека во изминатиот дваесетмесечен период се променија многу работи. Тука беше дадена концесија со цијанид и отровни суптанции кои сега ги нема поради гласноста на граѓаните. Тое не принуди да ги промениме работите и повеќе нема цијанид и опасни материи во обработката на рудата, но донесвоме и нов закон со кој се забранува употребата на цијанидот и опасните супстанции. Во едни вакви околности ние мора да биде најпаметни и да донесеме одлука. Кога велам ние, не само Владата, туку и граѓаните, бидејќи ние постоиме да им служиме, да им бидеме сервис на граѓаните и од тој аспект за вака важни работи не смее никој да шпекулира. Граѓаните треба да знаат се и граѓаните се полседни во процесот на одлучување, одговори премиерот Заев.

На средбата со граѓание вечерва зборуваа и министерот Бектеши и градоначалникот на Босилово,  Зимбаков.

Related posts

Зиадин Села се сретна со амбасадорот на Италија

24news

Виз Ер Скопски маратон оваа година воведува иновативен новитет

24news

Телото за помирување предлага поширока јавна расправа за уставните измени

Valentina