December 14, 2019 14:56
Економија

Премиерот Заев и министерката Царовска се сретнаа со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретнаа со делегација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, предводена од претседателката на сојузот Станка Трајкова, како и пратеникот во Собранието Илија Николовски, како претставник на Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

На средбата, се разговараше за целокупниот економски раст на државата, зголемувањето на платите во државата и претстојните планови и мерки за раст на пензиите, како и за други прашања од аспект на стандардот на живеењето на овие наши граѓани.

Премиерот Заев и министерката Царовска ги информираа претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите дека се остваруваат условите за пораст на пензиите врз основа на стабилизираниот пензиски систем, најавеното ново зголемување на минималната плата, континуираниот раст на просечната плата, како и врз основа на вкупниот економски раст во земјата.

Сите овие фактори се позитивни предуслови за раст на пензиите.

На средбата во канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија стана збор и за другите прашања од интерес на пензионерите  и згрижување за што во наредниот период се предвидени решенија.

Нови вести

Кредитната агенција „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

Valentina

Состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, Копач го истакна напредокот на Северна Македонија во енергетскиот сектор 

Valentina

Колемишевски: Над 3 милиони евра кај граѓаните само преку мерката Мој ДДВ

zane