November 23, 2020 15:19
Свет

Премиерката на Финска е негативна, но таа повторно ќе се тестира

Премиерката на Финска, Сана Марин, е негативна на тестот за коронавирус, беше објавено денес од нејзината канцеларија.

Марин го напушти самитот на Европската Унија во петокот затоа што беше во контакт со луѓе кои беа позитивни на коронавирусот.

„Премиерката ќе остане во самоизолација и повторно ќе биде тестирана денеска. Ако резултатот биде негативен и на вториот тест, Сана Марин ќе излезе од самоизолација”, додаваат од кабинетот на премиерката на Финска.