Свет

Премиерката на Нов Зеланд ја откажа својата венчавка поради 9 нови случаи на омикрон

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн (41) ја откажа својата венчавка откако воведе нови епидемиолошки ограничувања соочена со ширењето на сојот омикрон на ковид-19 во заедницата.

Нов Зеланд од денеска на полноќ воведува правила за маски и ги ограничува собирањата, бидејќи девет позитивни случаи покажале дека дошло до локално пренесување на новата варијанта. Станува збор за семејство кое се вратило во Нелсон на Јужниот остров откако било на венчавка во Окланд на Северниот остров, но и на други настани.

Се покажало дека членовите на семејството и стјуардесата од авионот со кој патувале се позитивни на коронавирусот.

Од недела на полноќ, оваа островска држава ќе прејде на црвена поставка според рамката за заштита од ковид, против ширењето на новиот сој омикрон, што значи повеќе носење маски. Угостителските објекти во затворен простор, како што се барови и ресторани и настани како свадби, ќе бидат ограничени на 100 луѓе. Границата е намалена на 25 луѓе ако местата не користат пропусници за вакцина, рекла Ардерн.

Премиерката Ардерн на прес-конференцијата рекла дека црвеното не значи „заклучување“ и дека жителите, сепак, ќе можат да ги посетуваат семејствата и пријателите и да патуваат низ земјата.

За својата венчавка таа рекла дека нема да се одржи, додавајќи дека ѝ е жал за секој на којшто му се случило слично сценарио. На прашањето што мисли за откажувањето на венчавката, Џасинда Ардерн рекла: „Таков е животот“.

– Мојата венчавка нема да се одржи – им рекла таа на новинарите, додавајќи дека ѝ е жал за некој кој е затекнат во слично сценарио. Ардерн не го открила датумот на својата венчавка.

Премиерката заклучила дека таа не се разликува од илјадници други Новозеланѓани кои претрпеле многу потешки последици.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 22

watch animes Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

stream anime online AnimeDao So I'm a Spider, So What?

anime websites AnimeDao Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

AnimeDao My Hero Academia Season 3