December 7, 2019 02:26
Свет

Преку 8000 деца регрутирани во Боко Харам

Од 2009 година до сега најмалку 8000 деца се регрутирани во терористичкото движење Боко Харам во регионот на езерото Чад во Централна Африка, се вели во соопштение на Обединетите нации.

Силвестер Тунде Атере од ОН изјави дека децата кои биле регрутирани ги користеле за борбени и неборбени улоги.

„Регрутацијата и екплоатацијата имаат долготрајни ефекти врз животот на децата“, се вели во изјавата.

„Денес, рехабилитацијата и реинтеграцијата на овие деца е вистински предизвик, не само поради тоа во колкав број се, туку и поради интензитетот и трајноста на овие трауми“, додаваат од ОН.

Од ОН велат ја обвини терористичката организација Боко Харам за силување на малолетни девојчиња, како и присилен брак.

Нови вести

(видо) Меланија им читаше божикна приказна на деца во болница

Filip

Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти

Filip

Напаѓачот од базата во Пенсакола бил саудиски војник на обука, саудискиот крал му изразил сочуство на Трамп

Filip