June 26, 2022 03:41
Скопје

Преку ЈП Градски паркинг со години паркинг не плаќале функционери на СДСМ и ДУИ, ќе ги објавиме регистарските таблички

Соопштение до јавност – реакција на прес конференцијата на Лилјана Божиновска од СДСМ

„ЈП Градски паркинг со години било претворено во партиски штаб на Демократски сојуз, од каде обезбедувале привилегии во вид на службени возила, телефони и простории за луѓе блиски до нив.

Директори, министри, функционери и разни раководни кадри од власта со години паркирале бесплатно низ Скопје, со што користеле повластена позиција во однос на граѓаните кои плаќале паркинг и со свој џеб ги финансирале овие партиски кадри и функционери.

Борче Јакимовски,член на претседателството на ДС на Павле Трајанов, треба да каже дали со години од плаќање за паркинг ослободувал функционери на СДСМ и ДУИ?

Дали од плаќање паркинг биле ослободени возилата на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин, како и други функционери од СДСМ. Дали е ослободен од плаќање и Агим, зад чиешто име стои името на Артан Груби?

Дали овие државни функционери назначени од СДСМ и ДУИ ги краделе граѓаните преку бесплатен паркинг за нив и нивните семејства? Доколку поранешниот директор Борче Јакимовски, ДС и СДСМ молчат јавно ќе ги објавиме регистарските таблички на функционерите кои биле ослободени од плаќање на паркинг, а за нив плаќале граѓаните.

tài xỉu online go88 go88 hoàng gia go88 binh88

tải sunwin online sunwin stevia international inc sunwin không vào được