October 19, 2021 04:31
Балкан

Презентиран првиот Национален стратешки план на Грција за екстровертност – 458 активности за 2021 година

Од Западен Балкан и Европа до Блискиот Исток, САД, Јужна Америка, Азија, Африка и Австралија се протега првиот национален стратешки план на Грција за екстровертност што содржи 458 активности за 2021 година, според генералниот секретар за меѓународни економски односи и екстровертност и претседател на Enterprise Greece, Јоанис Смирли, јави дописничката на МИА од Атина.

Стратешкиот план за екстровертност и економска дипломатија, во присуство на дипломатскиот кор во Атина го презентираа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот и заменик-министерот за надворешни работи Никос Дендиас и Костас Франкојанис, како и генералниот секретар за меѓународни економски односи и екстровертност и претседател на Enterprise Greece, Јоанис Смирли.

Според Смирили, 54 активности се однесуваат на земјите од регионот, односно на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово, додека пак заменик- министерот за надворешни работи на Грција Франкојанис сумирајќи ја „ефективноста на новата екстровертна тековна економска дипломатија” се осврна на билатералните економски односи со десетици земји, „со посебен акцент на соседството, Блискиот Исток, Северна Африка и традиционалните блиски сојузници”

-Стратешки дијалог со САД, акциски план со Германија, десетици трилатерална и квадрилатерални соработки соработка во нашиот регион, имплементација на „позитивна агенда” со Турција, унапредување на чувствителните економски односи со Северна Македонија, но и со целиот Западен Балкан, посветени во насока на корисна соработка и нивниот европски тек. Отворање нови перспективи со земји како што се Либија и Ирак, но и далечните Јапонија и Индија. Понуда на хуманитарна помош за погодените земји во нашиот регион и испраќање вакцини до десетици земји на кои им се потребни, истакна Франкојанис.

Паралелно, потенцираше дека резултатот на овие активности се: значајно зголемување на извозот, зголемување на странските инвестиции и подобрување на сликата на Грција како инвестициска дестинација.

На зголемувањето на извозот се осврна и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакс кој рече дека во време на пандемија тоа е „најдобар доказ дека извозот е огледало на конкурентна економија”.

Посочи дека „надворешната политика на земјата не е само истакнување на клучните геополитички прашања”, туку потребна е и нова перцепција.

-Националниот стратешки план за екстровертност 2021 година е водич за современа дипломатија полна со самодоверба, која на светот гледа со оптимизам, а надворешната политика во 21 век не може да нема и економска димензија, истакна грчкиот премиер.

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

Rewrite: Moon and Terra Episode 11

Website https://kissanime.mx: Watch ID: INVADED (Dub) kissanime Episode 13 my hero academia kissanime

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE

Confengine: https://confengine.com/user/gogoanimelol

Flipboard: https://flipboard.com/@gogoanimelol