December 10, 2022 06:27
Македонија

Презентација на студија за ставови и перцепции на новинарите за транспарентноста на правосудството

Здружението на новинари на Македонија денеска организира јавна презентација на националната студија „Ставови и перцепции на новинарите за транспарентноста на правосудството во Северна Македонија”, која ги прикажува наодите од истражувањето спроведено меѓу новинарите од различни медиуми во земјава што редовно известуваат за работата на судските институции или имаат одредено искуство и согледувања за улогата на судството.

-Главната цел на оваа истражувачка студија e да се добие увид и да се дадат препораки за тоа како да се олесни дијалогот и соработката меѓу новинарите и судските власти и да се утврдат приоритетните области и активности кои ќе помогнат за трансформирање на сегашниот „антагонистички” однос во
партнерството меѓу новинарите и судските институции, а се во полза на јавниот интерес, соопшти ЗНМ.

Посочува и дека настанот нуди можност да се отвори конструктивна дебата помеѓу присутните новинари и претставници на правосудството, за теми кои можат дополнително да ја подобрат нивната соработка.

На презентацијата, која ќе се одржи во Кривичниот суд во Скопје, ЗНМ поканува новинари кои известуваат на теми поврзани со работата на правосудството, претставници на судовите и обвинителството, како и  претставници на други релевантни организации.