December 6, 2022 01:59
Македонија

Презентација на резултатите од проектот за контрола на мало и лесно оружје

Резултатите од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници”, ќе бидат презентирани денеска во Скопје.

Проектот во изминатите три години го спроведе Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за внатрешни работи.

– Станува збор за исклучително важен проект чија крајна цел е намалување на злоупотребата на мало и лесно оружје како една од најчестите причини за оружени инциденти во државата. За таа намена се креираа модерни дигитани алатки кои овозможуваат посеопфатен пристап во процесот на прибирање, споделување и анализа на информации во повеќе важни сегменти од полициското работење, соопштија од УНДП.

На прес-конференцијата најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.