December 1, 2022 17:58
Македонија Скопје

Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје

Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот преку минимизирање на енергетската сиромаштија и промовирање на проеколошко однесување”.

Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје”, финансиран од Шведска, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.

Како што е најавено, ќе се споделат резултатите од истражувањето од страна на проектниот тим, по што би се развила дискусија за наодите и препораките од истражувањето, а настанот ќе се одржи во Младински центар „Матично”.