June 22, 2021 08:09
Македонија

Презентација на Вториот национален извештај за перформансите и реформите на правосудството

Презентација на  Вториот национален извештај од Матрицата за мерење на перформансите и реформите на правосудството ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА).

Извештајот, како што информираат организаторите, го следи напредокот на реформите во работата на правосудниот систем во пет области: ефикасност, транспарентност и отчетност, квалитет на судската правда, независност и непристрасност и професионален развој и соодветна застапеност.

На презентацијата, како што најавуваат од ЦПИА, ќе учествуваат судии од основните, апелационите и управните судови, Врховниот суд на РСМ, претставници на судската служба, Јавното обвинителство, Судскиот совет, Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за правда, претставници од професионалните здруженија во РСМ, претставници на невладиниот сектор, како и донаторската заедница во земјата.

Согласно пропишаните безбедносни протоколи, настанот ќе се одржи онлајн преку електронската платформа ZOOM.

Спроведувањето на мерењето на реформите во правосудството и подготовката на Извештајот е дел од проектот „Вградување аналитички и мониторинг алатки за поддршка на реформите во правосудството на Република Северна Македонија”‘, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

AnimeDao haikyuu season 2 animedao: The Promised Neverland (https://animedao.nl/m/Wyxw) Episode 12

ANIMEFLIX animeflix darling in the franxx: Horimiya Episode 13