October 26, 2021 11:40
Магазин

Пред да се венча со принцот Чарлс Лејди Дајана ја работела оваа работа: Заработувала по само 5 долари од час

Дајана Спенсер, попозната како Лејди Дајана, била сопруга на принцот Чарлс. Пред бракот со синот на кралицата Елизабета Втора, Дајана водела целосно нормален живот.

Во 1980 година принцезата се вработила како дадилка на момчето Патрик во американско семејство кое во тоа време живеело во Лондон.

Мајката на момчето не знаела дека 18-годишната девојка потекнува од познатото британско аристократско семејство Спенсер и дека се забавува со принцот Чарлс за кој се венчала во јули наредната година.

Дајана за семејството на Робертсон работела само неколку месеци, три дена во седмицата, а никој не бил свесен дека наскоро ја очекува глобална популарност која ќе ја стекне со влегувањето во кралското семејство.

„Кога Дајана во нашето семејство дојде како срамежлива 18-годишна дадилка, имаше многу малку животно искуство, но знаење да работи со деца, па својата работа совршено ја завршуваше“, изјавила оваа деловна жена и се присетила како седнала на подот покрај Патрик и била фокусирана само на него.

Меѓу смените, за кои била платена само по пет долари од час, таа се школувала за медицинска сестра. Робертсон за аристократското потекло на Дајана дознала дури кога пред домот забележала многу папарацо фотографи кои ја следеле поради веридбата со принцот Чарлс.

„Дајана беше многу ценета, тоа го сметам за нејзина најмоќна карактеристика. Сакаше да ги прегрнува луѓето, да ги допре“, изјавила Робертсон и открила дека принцезата била топла, полна со доверба и љубов.

„Продолживме да се допишуваме наредните 16 години“, изјавила таа откривајќи дека Дајана ѝ испратила десеттина писма и честитки во текот на сите тие години сакајќи семејството да ѝ дојде во посета во кралското семејство.

Да ве потсетиме, Дајана почина во сообраќајна несреќа во 1997 година кога бегала од папарацо фотографите, а Робертсон нејзиниот погреб го опишува како најтажните и најболни моменти во нејзиниот живот.

AniWatch: Nekomonogatari Black anime episode 4 online free at https://aniwatch.pro watch animes

AnimeHeaven: Mask of Zeguy (Dub) anime episode 2 online free at https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball z

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

WCOStream: Strange Steel Fairy Rouran anime episode 28 online free at https://wcostream.cc wcostream hunter x hunter

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed