Балкан

Предупредуваше на опасноста: Епидемиологот Пашагиќ почина од коронавирус

Познатиот доктор за епидемиологија и член на Светската здравствена организација (СЗО) за Југоисточна Европа, Шефик Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот, објави Радиосарајево.ба.

Претходно денеска беше објавено дека во Сараево е забележана нова жртва на коронавирусот, а потврдено е дека станува збор за докторот.

Пашагиќ почина на 61 година, а порталот наведе дека тој утрово бил приклучен на респиратор, а дека 15 дена имал тешка клиничка слика.

Тој од избивањето на пандемијата на Ковид-19 се ангажираше да ја предупреди домашната и регионална јавност за опасноста од коронавирусот.