November 30, 2021 10:32
Балкан

Предупредувачки штрајк на вработените во образованието во Србија

Вработените членови на Синдикатот за образование на Србија денеска ќе одржат предупредувачки штрајк – нема да се одржи првиот час во прва смена и првиот час во втора смена, соопштија вчера од синдикатот.

Во соопштението се наведува дека барањето на штрајкувачите е српската влада да почне да го применува Законот за плати на вработените во јавниот сектор (платни групи и оценки) од 1 јануари 2022 година и доколку не почне примената на тој закон за сите вработени во образованието, да биде зголемена платата за 15 отсто. Образовниот синдикат на Србија бара и изедначување на цената на трудот за сите дејности во образованието, формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта, како и стручни соработници и ненаставен кадар финансиран сразмерно на број на часови.

„Вработените во образованието речиси две години работат во тешки пандемични услови и го одржуваат образовниот процес во вонредни околности. Не е познат бројот на болни вработени и ученици, а Владата и Министерството за образование, наука и технолошки развој се глуви на апелите на синдикатот дека просветните работници се материјално и професионално понижени”, се вели во соопштението.

Website https://animebee.to: Watch The Adventures of Bip & Bap animebee Episode 2 anime

A Certain Magical Index III (https://wcostream.cc/m/zbOK) Episode 26

TwistMoe: Tower of Druaga: The Sword of Uruk anime episode 12 online free at https://twistmoe.net twist moe

The Tokyo Project Episode Full

https://gogoanime.be dubbed anime