September 20, 2021 23:16
Македонија

Предлог-измените на Законот за матична евиденција ќе овозможат правно признавање на родот на трансродовите лица

За трансродовата заедница во земјава е приоритетно да се донесат измените на Законот за матична евиденција, кои се во процедура во Собрание, но се уште не е отворена комисиска расправа. Со нив ќе се регулира правното признавање на родот и ќе се усогласат нивните лични документи.

Според пратеничката Маја Морачанин, претседателка на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на ЛГБТИ-лицата, законските измени ќе овозможат правно признавање на родот на трансродовите лица со што тие ќе имаат нормално и достоинствено функционирање во секојдневниот живот. Таа посочи дека тоа е поврзано и со пресудата на Европскиот суд за човекови права со која се бара да се смени законската регулатива во однос на правно признавање на родот за да се овозможи брзо, ефикасно и транспарентно менување на родот во личните документи врз принципот на самоопределување на личноста.

Активист од „ТрансФорма” успеал во тоа по десет години чекање и откако ја добил пресуда од Европскиот суд за човекови права. Во Собранието денеска тој рече дека трансродовите лица во земјава не се прифатени поради неусогласеноста на нивниот изглед со личните документи, имаат проблеми за вработување, домување, пристап до услуги, вклучително и здравствени и дека тоа е секојдневен притисок што влијае и на нивното ментално здравје.

– На светско ниво податоците говорат дека ние сме заедница што има застрашувачка стапка на самоубиства. Постојано сме цел на говор на омраза на социјалните мрежи каде што нашата интима е постојано на тапет. Сето ова е противзаконски, но нам ни се случува постојано. Промената на ознаката за пол во документите го прави животот поедноставен и полесен. Само неколкумина успеавме да ги смениме целосно документите и имаме помалку проблеми, рече активистот.

Тој нагласи дека предложените измени на Законот за матична евдиденција се значајни од две причини – како услов нема да се наложува медицинска/психијатриска дијагноза на овие лица, која е укината во Меѓународната класификација на болести и за промена на ознаката на полот во документите нема да се наметнува обврска за медицинска интервенција за менување на полот.

-Ниту еден граѓанин не смее да биде присилно подложен на медицинска интервенција за да се исполни услов за административна процедура. Тие две работи треба да се држат одвоено, рече активистот, додавајќи дека законските измени се шанса трансродовата заедница да биде извадена од мракот.

Драгана Дрндаревска, правна советничка од „Коалиција Маргини”, посочи дека имаат меѓу 20 и 30 активни постапки за правно признавање на родот. Таа рече дека трансродовата е многу мала заедница и со донесување на законот ќе им се реши статусот за да може, како што рече, еднакво и слободно да живеат и да придонесуваат во општеството.

Таа  се осврна на трансфобијата и загрижувачкиот говор на омраза кон трансродовите лица и дека постои „реторика на страв и гадење кон овие лица, нивно дехуманизирање во јавниот говор и заплашување со трансродовите луѓе”.

-Трансродовите граѓани се жртви на системот и на бројни неправди, на злоупотреба на нивниот идентитет за различни цели. Тие не смеат повеќе да се третираат на ваков начин. Особено заплашувањата на децата со трансродовите луѓе не смее да се случува… Овој закон ни е клучен, со години работевме на оваа пресуда и активистот на сопствена кожа ја понесе целата оваа битка благодарение на која е и овој Предлог-закон, рече  Дрндаревска.

На седницата на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на ЛГБТИ лицата во Собранието денеска беа презентирани наоди од регионално истражување на јавното мислење за правата на ЛГБТИ-луѓето, спроведено во сите држави на Западен Балкан. Истражувањето на Меѓународната организација „Civil Rights Defenders” опфатило 6284 испитаници од сите земји во регионот. Од Северна Македонија учествувале 1017 испитаници во периодот ноември-декември 2020 година.

Според Дамјан Здравев, програмски координатор во „Civil Rights Defenders” – канцеларија во Белград, клучните наоди покажуваат дека се зголемува бројот на лица кои имаат разбирање за ранливата позиција на ЛГБТИ-луѓето и го поддржуваат остварувањето на нивните човекови права.

– Клучни фактори кои влијаат кон позитивните ставови се возраста, степенот на образование и комуникацијата со ЛГБТИ-заедницата. Речиси на сите прашања, испитаниците имаат попозитивни ставови. Но, сепак, сè уште има висок процент на оние кои имаат негативни ставови кон овие луѓе, рече Здравев на презентацијата на наодите од истражувањето.

Претседателката на ИППГ за правата на ЛГБТИ-лицата, Маја Морачанин, рече дека со невладиниот сектор одржале состаноци на кој го утврдиле и Акцискиот план за 2021-2023 година. Ќе бидат фокусирани на законодавната улога на Собранието во однос на измена на законската регулатива, пред се Кривичниот законик, Законот за медиуми и Законот за полиција, како и  законите за средно и за високо образование, за да се усогласат со Законот за спречување и заштита од дискриминација и обезбедување заштита и ефикасно санкционирање на говорот на омраза и делата од омраза кои се поврзани со ЛГБТИ-луѓето.

– Целта е да се обезбеди ефикасна заштита на младите од ЛГБТИ заедницата од дискриминација, говор на омраза и насилство. Ние како група се залагаме за воведување сеопфатно сексуално образование, рече Морачанин.

Бидејќи се неформална група во Парламентот, ИППГ нема право на организирање надзорни расправи, но договориле соработка со собраниската Комисија за еднакви можности, а се обидуваат и за конкретна соработка со Постојаната анкетна комисија за правата на граѓаните, да организираат заеднички јавни расправи за состојбата на правата на ЛГБТИ-луѓето и што треба да преземе Собранието за нивна заштита од дискриминација, говор на омраза и насилство.

Морачанин посочи дека ИППГ учествувала на втората Парада на гордоста во Скопје во јуни и има воспоставено соработка со вакви групи и НВО-сектор од ЕУ и во други земји во светот. Таа информираше дека делегација со четворица пратеници кои членуваат во ЛГБТИ-групата во Собранието ќе бидат на настанот World Pride во Копенхаген на крајот на август и ќе учествуваат на Интерпартиското парламентарно собрание за правата на ЛГБТИ-заедницата во Собранието на Данска.

Watch anime online for free at 4Anime persona 4 animation reddit

Website https://animeheaven.pro: Watch Through the Windows animeheaven Episode Full dragon ball super anime heaven

AnimeTV Watch Anime Online | AnimeTVStreaming Anime Episodes

AnimeBee: Kämpfer anime episode 12 online free at https://animebee.to anime websites

Skitterphoto: https://skitterphoto.com/photographers/17131/kissanime

Utellstory: https://www.utellstory.com/profile/stories/77224