September 18, 2021 15:17
Економија Македонија

Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите пред собраниската Комисија за земјоделство

– Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите чија цел е намалување на последиците од корона пандемијата врз производството и откупот на тутунот.

Законот е предложен од Министерството за земјоделство, за донесување по скратена постапка и со него се предвидени вкупно 307.500.000 денари поддршка.

Проектирани се по три денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи од II класа, како и по 16 денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи од III и IV класа.

Овие средства беа најавени како дел од петтиот пакет антикризни мерки што ги донесе Владата.

-Имајќи ја предвид состојбата со откупот од реколтата 2020 година, во која можеше произведениот тутун да не се откупи и производителите да претрпат загуби од својот труд, се наметна потребата од изготвување ваков закон. Со законот се уредуваат условите, корисниците, висината и постапката за доделување финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на тутун предизвикани од КОВИД-19, стои во предложениот текст.

Финансиска подршка согласно овој закон ќе добијат тутунарите кои се корисници на мерката Директни плаќања за произведен и продаден необработен тутун од реколтата 2020 година од Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2021 година.

Website https://kissanime.mx: Watch KADO: The Right Answer - Ninovo kissanime Episode Full kissanime pokemon

Website https://animebee.to: Watch Hayate the Combat Butler! Movie animebee Episode Full english anime

Fist of the Blue Sky: Regenesis Episode 12

Website https://4anime.biz: Watch Golgo 13 4anime Episode 50 4anime online

V4 phpfox: https://v4.phpfox.com/kissanimemx

Sites google: https://sites.google.com/view/animedao-official/home