Предлагаме да се укине техничката влада за пиунот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори, со се Спасовски кој ќе му го држи стравот. ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ ќе се обиде да врши поткуп, како што правеше и за време на локалните избори, знаеме и дека ќе ја злоупотребат и МВР, како што видовме дека правеле со пробиената вибер комуникација, но разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна.
Не може Спасовски толку да поткупи, уцени и заплаши, колку што е голема предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.
Народот бара промени, и тоа е бран кој СДСМ не може да го запре. Барањето промени секој ден ќе биде се помасовно.
На ВМРО-ДПМНЕ му одговараат избори кога и да се случат, но на државата и се потребни веднаш.
Македонија заради СДСМ е западната во 4 кризи од кои не може да излезе со истава гарнитура на луѓе кои во и ја внесоа државата во таа ситуација.