Спорт

Преговорите меѓу Милан и Рангник се во застој

Преговорите меѓу Милан и поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Рангник, се во застој. Се чини дека стратегот ги „замрзнал” разговорите за да стане следниот тренер на Милан, бидејќи е загрижен за буџетот за трансфер на тимот за следната сезона, за што беше коментирано минатата недела.

„Скај Спорт Италија”, сепак, вели дека е постигнат мал напредок во преговорите.

Во меѓувреме, фудбалерите на „росонерите” изразија желба да остане Стефано Пиоли. Тој потпиша двегодишен договор со Милан уште во октомври, но постои клаузула која му овозможува на клубот да го отпушти без надомест на крајот од оваа сезона.