September 25, 2020 14:40
Хроника

Прегазил петгодишно дете па избегал

На 13.02.2020 во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, удрило во петгодишно девојче од Пробиштип, по што го напуштило местото.

Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.