February 18, 2020 11:20
Хроника

Прегазен велосипедист во н. Илинден

На 09.01.2020 во 19.30 часот на улица „2“ во н.Илинден во Скопје, патничко возило удрило во велосипедистот Е.Ш.(23) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.Ш., по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.