October 25, 2020 06:29
Хроника

Прегазени двајца пешаци во Струмица, возачот избегал

На 23.01.2020 во 14.30 часот на крстосница од бул.„Маршал Тито” и ул.„Ленинова” во Струмица, едно возило удрило во пешаците М.Б.(61) од Радовиш и В.А.(57) од Струмица, по што го напуштило местото.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила В.А., а со телесни повреди се здобила М.Б., по што биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.