February 3, 2023 14:24
Uncategorized

Прегазена малолетничка во Струга

На 02.12.2022 околу 17.25 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на мост на реката Црн Дрим, кај браната на ул.„Боро Хаџиески” во Струга, патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(56) од Кичево, со живеалиште во Струга, удрило во малолетен пешак од Штип. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.