December 5, 2021 10:42
Македонија

Превозници од Бугарија тврдат: Автобус како тој на Беса Транс не може да изгори толку брзо

Себахтин Исмаил, превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „мерцедес“ на новинарка од бугарски портал ѝ објаснува дека такво возило, какво што е и возилото на „Беса транс“ кое настрада на автопатот „Струма“ во Бугарија, едноставно не може да се запали на таков начин како што објаснуваат некои самонаречени експерти и да изгори за толку кратко време и при тоа да има толкав број жртви.

Исмаил тврди дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.

-Овој автобус нема како да се запали. При инцидент, оваа инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи.Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време – категоричен е Исмаил.

Ивајло Константинов, извршен директор на Националната асоцијација на автобуски превозници во Бугарија изјавил за БНР дека изгорениот автобус не бил стар три години, туку „најмалку 15-20 години“.

-Неговиот модел е најмногу од 2005-2008 година. Доколку сопственикот тврди дека има 3 години, можно е да постои таква практика кај македонските компании да се рециклираат стари автобуси во Турција, заменувајќи ги сите расипани делови со нови. Ова ја компромитира фабричката изолација која не гори лесно.Не се знае од какви материјали е изработена оваа изолација. Така што, ако некој тврди дека неговиот автобус е стар 3 години не е точно, бидејќи се гледа од моделот на возилото. Автобусите се обезбедени така да не се запалат лесно, не знам за уште еден таков случај на целосно изгорен автобус за толку кратко време, рече Константинов.

Поврзани вести

Нови 355 инфицирани од коронавирусот и 15 починати

Valentina

Леб, млеко, зејтин и брашно до Нова година ќе купуваме по иста цена

Valentina

(Видео) Жртвите од несреќата во Бугарија достојно испратени до вечните почивалишта

Igor

anime websites. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 4

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

anime sites One Piece (Dub)

anime flix Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

High School DxD Episode 11