July 20, 2019 12:06
Македонија

Превентивно и одговорно однесување за помал број пожари во НП „Галичица”

Како пресуден фактор за појава на пожари на отворено фигурира човекот. Имајќи го предвид и фактот што превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите, од ЈУ Национален парк „Галичица” ги известуваат граѓаните кои живеат и гостите кои престојуваат на територијата на паркот на опасностите кои демнат од пожарите, особено во летниот период.

Од Националниот парк потсетуваат на законската забрана за палење оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор, освен на двете излетнички места „Корита” и „Јадера” каде е уредено и дозволено палење оган, односно правење скара. Истовремено, се нагласува дека строго е забрането палење на стрништата, плевели и други отпадоци.

Чуварската служба на ЈУ Национален парк „Галичица” од Охрид ќе презема мерки против лицата кои не ги почитуваат препораките, со потсетување дека казните за такви недозволени активности изнесуваат од шест до осум илјади евра за правни и од 1.500 до три илјади евра за физички лица.

Нови вести

Јувентус му ја зеде „деветката” на Игуаин

Valentina

Општина Охрид не испратила барање до Владата за отстапување ингеренции

Valentina

Опасен е пристапот дека сајбер-безбедноста е исклучително за луѓето со ИТ-бекграунд

Valentina