August 13, 2022 17:16
Скопје

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

На 27.06.2022 на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во организација на Одделението за превенција во СВР Скопје беше одржана трибина на тема „Значењето на превенцијата за справување со пожари на отворено во летниот период”.

Основна цел на овие превентивни активности се заштита и зачувување на  шумските и останати површини од пожари, заштита на земјоделско земјиште, ливади, пасишта од пожари, подигање на свеста на граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.

На трибината присуствуваа претставници на ЈП „Национални шуми”, претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, претставници на Шумска полиција, претставници од Противпожарната бригада на град Скопје, професори и студенти на Шумарскиот и Природно-математички факултет. Тие земаа  активно учество на трибината со свое видување за значењето на превенцијата на пожари и можноста на нејзино кординирано применување на сите институци со вклучување на заедницата.

Оваа трибина е дел од активностите на Одделението за превенција на СВР Скопје, кои ќе продолжат во текот на летниот период на локации на излезите на магистралните и регионалните патишта, како места со голема фрекфенција на возила и луѓе на подрачјето на СВР Скопје.