December 10, 2022 06:54
Спорт

Прв триумф за Лестер оваа сезона (ВИДЕО)

Лестер конечно ја оствари првата победа во новата сезона од Премиер – лигата. „Лисиците“ славеа убедливо (4-0) на домашен терен против Нотингем Форест и го прескокнаа, напуштајќи го дното на табелата.

Џек Медисон беше двоен стрелец во првото полувреме, а погоди и Харви Барнс, па Лестер имаше предност од 3-0. Во вториот дел погоди и Патсон Дака во 73.минута од мечот.